Гвардиола и Меси требало да соработуваат во Мадрид!?


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Пеп Гвардиола требало да соработува со Лионел Меси во предградие на Мадрид. Ова сценарио не се оствари, но го раскажа претседателот на Хетафе, Анхел Торес.

„Во првата или втората сезона на Меси во првиот тим, малку недостигаше да дојде на позајмица кај нас во Хетафе. Но, на крај работата ја расипа Франк Рајкард“, кажа Торес.

Набрзо, Хетрафе се обиделе да „украдат“ уште еден член на Барселона, а тоа е Пеп Гвардиола. Во 2008 година Рајкард доби отказ, а управата побара нов тренер и тогаш борбата била за искусниот тренер на Манчестер сити.

Останатото е познато, Пеп седна на клупата на Барселона и за четири години освои 14 трофеи.