Гвардиола има енергија и сака да го продолжи договорот со Манчестер сити


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Пеп Гвардиола по натпреварот против Тотенхем доби прашање од новинарите дали сè уште има енергија да го предводи Манчестер сити, откако вчера Јирген Клоп најави дека ќе се повлече од Ливерпул.

Клоп заминува од Ливерпул и ќе направи пауза затоа што кажа дека нема повеќе енергија да ги тренира „црвените“.

Гвардиола за разлика од него има енергија и кажа дека не планира да направи идентичен потег како Германецот.

„Добро сум, сакам да го правам ова уште една година, а можеби и ќе го продолжам договорот на повеќе години“, кажа Гвардиола.