Гвардиола има свој фаворит во трката за „Златната топка“

По завршување на Европското првенство (ЕП) во Германија почнаа шпекулациите за тоа кој го заслужува престижниот трофеј „Златната топка“.

На таа тема зборуваше и тренерот на Манчестер сити, Пеп Гвардиола кој има фаворит во трката за наградата.

Според многумина, главни кандидати се Џуд Белингам и Винисиус Жуниор, но Гвардиола смета дека и Родри е во тесната конкуренција за „Златната топка“.

„Не можам да кажам дека нема да бидам среќен доколку Родри ја освои наградата. Тој е неверојатен, игра во одлична форма со години“, кажа Гвардиола.