Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст ↓↓↓
Манчестер сити се наоѓа во неверојатна серија од 19 победи по ред. Тимот на Пеп Гвардиола изгледа незапирливо, а нова жртва им беше Борусија Менхенгладбах (2-0).
По мечот новинарите го прашаа Пеп Гвардиола како ќе ја објасни неверојатната серија со Манчестер сити, а тој даде краток одговор.
„Имаме многу пари и може да купиме неверојатни фудбалери“, беа зборовите кои шпанскиот стратег саркастично ги кажа по прашањето.
„Граѓаните“ имаат одлична шанса да ја продолжат победничката серија затоа што во сабота на домашен терен го пречекуваат Вест хем.