Гвардиола ја најде замената за Силва во – Реал Мадрид!?


Битка на најтрофејните, Роналдо благодарен на Кошта! ↓↓↓


Шпанскиот фудбалер Давид Силва потврди дека на крајот на следната сезона ќе го напушти Манчестер сити.

Силва во Манчестер сити стигна пред девет години од Валенсија за 30 милиони евра, но реши на крајот на договорот како слободен фудбалер да го напушти англискиот клуб.

Овој 33-годишен фудбалер остави голема трага во Сити и сигурно го запиша своето име во историјата на клубот.

„Граѓаните“ веднаш почнаа да бараат замена за него, а наводно тренерот Пеп Гвардиола веќе има идеално решение, а тоа е Иско.

„Марка“ пишува дека Сити го контактирал Реал Мадрид и наводно е подготвен да плати 80 милиони евра за него.