Гвардиола кажа зошто Де Брајне го пропуштил мечот со Реал Мадрид


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Манчестер сити одигра нерешено (3-3) против Реал Мадрид во првиот четвртфинален меч од Лигата на шампиони (ЛШ), иако немаше помош од Кевин Де Брајне.

Тренерот на „граѓаните“, Пеп Гвардиола кажа дека Де Брајне повраќал пред натпреварот и затоа морал да го пропушти дуелот.

„Кевин дојде во соблекувалната и ми кажа дека не може да игра. Откако јадеше, почна да повраќа. Се надевам дека ќе се врати на следниот меч затоа што е важен фудбалер за нас“, кажа Гвардиола.