Гвардиола ќе го боли глава: Двајца фудбалери „закачија“ корона!


Ќе го решиме проблемот со отпадот ако го гледаме како ресурс, а не како ѓубре! | Уште еден поткаст ↓↓↓


Тренерот на Манчестер сити, Пеп Гвардиола доби лоши вести по последните тестирања за ковид-19, откако беше откриено дека Кајл Вокер и Габриел Жесус се заразени со вирусот.

„Граѓаните“ потврдија дека имаат двајца позитивни фудбалери и поради тоа нема да може да сметаат на нив во следниот период.

Жесус е важен фудбалер на тимот, а тоа го докажа и на мечот против Арсенал во Лига Купот, додека Вокер одмараше на мечот.

Овие фудбалери ќе ги пропуштат дуелите против Њукасл, Евертон и Челси, но и големото дерби во Лига Купот против градскиот ривал Манчестер јунајтед.