Гвардиола ќе го проба невозможното, со тие двајца Сити би бил најдобар тим на светот!


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Пари имаат, но овде двете мети се чини и дека за нив се преголем залак. Сепак, англиските медиуми тврдат дека барем еден од нив ќе стигне меѓу Граѓаните.

Манчестер Сити со Гундоган и Нолито го започна преодниот рок, денешниот Мирор тврди дека се обезбедени околу 200 милиони евра за нови засилувања.

Прво може да биде Тони Крос. Имено, според некои информации, фудбалерот на Реал има клаузула од околу 70 милиони евра која Сити ќе ја плати, ако го убедат да се пресели на островот.

За тоа се мали шансите, освен ако Погба не стигне во Мадрид, што сега е малку веројатно. Сепак, весникот инсистира дека Сити веќе се обрати до Реал, да види дали Перез е заинтересиран да преговара, но и дека ќе разговара со агентот на Крос, поточно неговиот брат.

Германецот да потсетиме од Баерн премина во Реал, иако Пеп Гвардиола очајнички сакаше да го задржи.

Што се однесува до Луис Суарез, тука шансите речиси да не постојат, иако Пере Гвардиола, родениот брат на Пеп, е менаџер на Уругваецот.

Барселона јасно нема да сака да преговара, не ни прифатила ни трампа за Кун која не се споменува, иако е јасно дека Меси сака да заигра со својот најдобар другар.

Сепак, Сити нема лесно да се откаже, се верува дека во ова лето е промена во клубот, за се направи се за да се создаде моќен тим и да се отпочне нова ера. Долго го чекале Гвардиола, медиумите на островот тврдат дека Бегристајн и Феран Соријано ќе му ја исполнат секоја желба, поточно ќе пробаат да го доведат секој играч кој поранешниот тренер на Баерн ќе го бара.

Гвардиола вчера прв пат на претставувањето се обрати на навивачите како менаџер на Сити, а што се однесува до останатите мети во преодниот рок, во одбраната картите се фрлени на Стонс од Евертон,  како влог за иднината ќе стигне младиот Украинец Зинченко, а Пеп го цели и десниот бек на Торино, одличниот Бразилец Бруно Переш.