Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Долговите на Барселона надминаа милијарда евра, а клубот мора итно да се ослободи од некои фудбалери за да ги испочитува правилата на Ла Лига и да ги регистрира новите засилувања.
Барселона за плати на фудбалерите дава 600 милиони евра годишно, а Ла Лига им дозволи сума од 300 милиони евра за плати во следната сезона и тоа е сериозен проблем.
Поради тоа Барселона е принудена да продаде дел од фудбалерите, а листата на отпишани е преголема, додека клубот се надева дека ќе го продаде и Антоан Гризман.
Шпанските медиуми откриваат дека Манчестер сити е заинтересиран за услугите на францускиот репрезентативец и лесно би можел Пеп Гвардиола да го купи Гризман, а така да ѝ помогне на Барселона.
Сити бара нов напаѓач за следната сезона, а нивниот избор е Хари Кејн, но тоа е тешко за реализација, па мора да размислуваат на алтернативи.
Гризман ја засили Барселона во 2019 година во трансфер вреден 120 милиони евра, но очигледно ќе си замине од „Камп Ноу“.