Гвардиола конечно доби големо засилување!


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Манчестер сити славеше со 5-0 против Хадерсфилд, а победата му ја врати насмевката на лицето на Пеп Гвардиола, но дополнителна добра вест за него е тоа што заигра Кевин Де Брајне.

По пауза од неколку месеци, Де Брајне повторно беше на теренот и асистираше за петтиот гол на „граѓаните“.

Гвардиол по натпреварот кажа дека е пресреќен што конечно може да смета на Де Брајне.

„Му требаат тренинзи повеќе од натпревари. Не е целосно подготвен, но среќен сум што заигра. Кевин е тој што ги решава натпреварите“, кажа Гвардиола.