Гвардиола му одговори на Ибрахимовиќ: Моето его е над секој фудбалер (Видео)


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Златан Ибрахимовиќ во една емисија го предупреди Ерлинг Халанд дека може да се соочи со проблеми поради егото на тренерот Пеп Гвардиола, по што стратегот на Манчестер сити реши да одговори на ироничен начин.

Пеп доби прашање од новинар да ја искоментира изјавата на Ибрахимовиќ, по што на ироничен начин кажа дека шведскито напаѓач е во право.

„Во право си. Во овој клуб, моето его е над секој човек, над секој фудбалер. Јас не сакам Халанд да дава по три гола, многу сум му љубоморен. По секој меч разговарам со Халанд и му велам да не дава многу голови“, кажа Пеп.