Гвардиола му се „качи на глава“ на чевртиот судија! 🎥


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Манчестер сити вчера не успеа да победи и втор меч по ред, откако ремизираше (1-1) против ВБА на домашен терен во Премиерлигата.

Тренерот Пеп Гвардиола не можеше да се помири со резултатот, па лудуваше покрај линијата во текот на целиот натпревар, а мака со него си имаше четвртиот судија.

Шпанецот се обиде да го спречи Тејлор да покаже колку минути ќе има судиско надополнување на натпреварот, а потоа ја објасни причината за неговиот потег.

„Го прашав како може да продолжи само четири минути? Имаше шест измени и Жесус лежеше на теренот повеќе од три минути. Очекував поголема судиско надополнување“, се пожали Гвардиола.