Гвардиола му се налути на Чеферин: Треба да покажеш почит!


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Тренерот на Манчестер сити, Пеп Гвардиола не е среќен поради коментарот на Александер Чеферин дека премиерлигашот требало да биде казнет.

Словенецот кажа дека УЕФА била во право кога ги казнила „граѓаните“ со две години суспензија од Лигата на шампиони (ЛШ).

Таа одлука сепак беше поништена од Спортскиот арбитражен суд, а премиерлигашот сега ќе одговара поради прекршување на правилата од финансискиот фер-плеј.

„Како адвокат треба да знае дека мора да чека пред да дава коментари. Треба да покаже почит. Чеферин има работа во УЕФА и мора да ја почитува процедурата“, кажа Гвардиола.