Гвардиола најде ново засилување: Манчестер сити ќе биде страв и трепет (Фото)


Вардар, Работнички, Силекс, Шкендија – Кој ќе блесне во Европа!? ↓↓↓


Манчестер Сити следната сезона ќе се обиде да се врати на големата сцена, а Пеп Гвардиола изгради многу моќен тим кој би можел да стане уште посилен.

На сите им е јасно дека Манчестер Сити го очекува вистинско реновирање, а неколку звучни имиња веќе пристигнаа во овој клуб.

Станува збор за Рајан Черки, Тијани Рејндерс и Рајан Аит-Нуири кои веќе ги засилија редовите на клубот од синиот дел на Манчестер.

Но, тука нема да биде крајот. Како што пренесуваат англиските медиуми, Пеп Гвардиола и неговиот тим се заинтересирани за услугите на Дензел Думфрис од Интер.

Холанѓанецот има „смешна“ откупна клаузула во својот договор која изнесува само 25 милиони евра – што е вистинска ситница за играч од неговиот квалитет.

Иако имаше многу гласини за премин на десниот бек во Барселона, од тоа нема да биде ништо бидејќи каталонскиот клуб одлучи да верува на Жул Кунде и на своето дете – Хектор Форт на таа позиција.

Фотографија: Принтскрин