Традицијата продолжува, се трансформира - Pinko Crafts ↓↓↓
Манчестер Сити игра најслабата сезона откако Пеп Гвардиола стана менаџер на тимот. Шпанецот не поднесува порази, па одлучи да донесе големи засилувања во летниот преоден рок и да се врати на врвот.
Пеп Гвардиола не сака следната сезона да биде надвор од четирите најдобри тимови во Англија. Катастрофалната сезона е зад неговиот тим, најлошата откако пристигна во клубот, па веќе следната сезона сака сето тоа да го исправи.
Сити, според најавите од Островот, жестоко ќе стартува на летниот трансфер пазар и се подготвуваат навистина спектакуларни засилувања.
Граѓаните во своите редови сакаат играчи со кои веднаш ќе се вратат во борбата за титулата, а листата на желби на Пеп Гвардиола содржи имиња на големи ѕвезди.
Флоријан Вирц е виден како замена за Кевин де Брујне. За него, „Граѓаните“ ќе треба да издвојат дури 150 милиони евра.
Нападот на тимот би можел да биде засилен со ѕвездата на Барселона, Рафиња. „Ел Насионал“ тврди дека Граѓаните се подготвени да платат дури 80 милиони евра за него.
Средниот ред на Граѓаните би можел да биде засилен и со уште еден Бразилец. Првата желба е Бруно Гуимараеш кој игра чудесно во дресот на Њукасл.
Овој фудбалер би можел да чини исто така околу 100 милиони евра и јасно е дека тимот од Етихад ќе има потреба од серозен буџет за засилувања.
Покрај големите имиња, Гвардиола во својот тим сака да го види и левиот бек на Тотенхем, Дестини Удоги. Го смета за идеален за неговиот тим.
Фото: Манчестер сити/FB