Гвардиола нуди 100 милиони плус тројца фудбалери за Меси!


Вардар, Работнички, Силекс, Шкендија – Кој ќе блесне во Европа!? ↓↓↓


Лионел Меси сака да замине од Барселона, а Манчестер сити се споменува како најреална опција. Како што објавија каталонските медиуми, „граѓаните“ веќе размслуваат како да дојдат до неговиот потпис.

Сити подготвил понуда од 100 милиони евра плус тројца фудбалери, а тоа се Бернардо Силва, Габриел Жесус и Ерик Гарсија. Таквата понуда не би направила проблем на премиерлигашот, па затоа тие се обидуваат да ги убедат Каталонците да ја прифатат.

Од друга страна, Барселона се труди да го задржи Меси, а претседателот Жозеп Марија Бартомеу вели дека ќе ја напушти фотелјата во случај Аргентинецот да остане во Каталонија.