Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Манчестер сити остана без трофејот во Комјунити Шил бидејќи загуби со 0-1 од Лестер откако Келечи Ихеначо постигна погодок во финишот од натпреварот.
Пеп Гвардиола по мечот ги критикуваше УЕФА и ФИФА затоа што неговата екипа не е подготвена за новата сезона и така си најде изговор за поразот од Лестер.
„Повторно доцниме затоа што УЕФА и ФИФА не им овозможија доволно одмор на фудбалерите. Допрва треба да ми дојдат фудбалерите, Родри едвај тренираше на два тренинзи. Мора да ловиме резултати иако нема да бидеме комплетни. Така и минатата година загубивме од Вулверхемптон и примивме пет гола од Лестер. Сакав да победиме, одигравме добар меч, посебно кога ќе се земе во предвид младиот состав и проблемот на стартот на подготовките“, вели Гвардиола.