Гвардиола откри колку време ќе паузира Халанд


Анде Јанков - македонски автор: Тајните на пишување добар крими роман!? ↓↓↓


Манчестер Сити нагласи, а Пеп Гвардиола прецизираше – Ерлинг Халанд нема да излезе на терен пред крајот на мај, односно го чека пауза од пет до седум недели.

Норвежанецот доби повреда на зглобот во дуел со Борнмут во ФА купот, а денеска на детални прегледи кај специјалисти во Барселона беше потврдено дека ќе мора да земе подолга пауза.

„Се надевам дека ќе се опорави побрзо за потенцијално да може да игра оваа сезона. Докторите рекоа дека ќе паузира меѓу пет и седум недели, така што ни преостанува да се надеваме дека ќе биде подготвен за ФИФА СП за клубови“, рече Пеп Гвардиола.