Гвардиола откри што е разликата меѓу шампионите и другите екипи


Кој тепа, Ливерпул или Челзи!? ↓↓↓


Легендарниот тренер Пеп Гвардиола ја почна деветтата сезона на кормилото на Манчестер сити и лигата ја почна со победа од 2-0 против Челси.

Головите за победа на „граѓаните“ ги постигнаа Ерлинг Халанд и Матео Ковачиќ, а Гвардиола даде интересна изјава по мечот.

„Ние ја имаме таа предност, ова е наша деветта сезона заедно, така што многу добро се познаваме. Се разбира, има грешки кои треба да се поправат, но ние зборуваме за тоа. Разликата меѓу шампионите и другите е нашиот говор на телото и како се однесуваме. Тешките моменти и тешките натпревари и реакциите на нив дефинираат голем тим. Горд сум што ги водам овие момци. Имам многу среќа, немам што друго да додадам“, кажа Гвардиола.