Гвардиола отпиша двајца фудбалери за да активира уште една трансфер-бомба


Роналдо - човек рекорд! Франција и Белгија во дербито на денот! ↓↓↓


Манчестер сити го потврди трансферот на Џек Грилиш, кој стана најскап англиски фудбалер во историјата со вредност од 117 милиони евра.

По потписот со Грилиш, „граѓаните“ ќе мора да продаваат фудбалери, а тренерот Пеп Гвардиола веќе отпиша двајца фудбалери.

Станува збор за Бернардо Силва и Габриел Жесус, кои најверојатно наскоро ќе си пронајдат нови тимови за следната сезона.

Силва го следат неколку европски гиганти, а најсериозен е Атлетико Мадрид, додека Жесус би можел да го замени Ромелу Лукаку во Интер.

Манчестер сити сака да го реализира и трансферот на Хари Кејн, па до летово ќе биде интересно да се види што ќе се случува на „Итихад“.