Гвардиола: Ова не е нормално, не знам како преживеавме!


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Тренерот на Манчестер сити, Пеп Гвардиола не беше задоволен поради густиот распоред, а револтот го искажа по натпреварот против Челси (1-0).

„Граѓаните“ имаа малку време да се рехабилитираат по поразот од Реал Мадрид во Лигата на шампиони (ЛШ), а Гвардиола обвини дека густиот распоред е штетен за здравјето на фудбалерите.

„Ова е неприфатливо. Не е нормално. Знам дека оваа земја има посебна традиција со ФА-купот, но важно е здравјето на фудбалерите. Не знам како преживеавме“, кажа Гвардиола.