Гвардиолa: Луѓето не се свесни колку е тешко да се игра во финале!


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Првпат од доминацијата на неговата Барселона, Пеп Гвардиола ќе се бори за најголемиот трофеј, откако Манчестер сити синоќа го совлада ПСЖ со 2-0 во реваншот.

Пеп Гвардиола повторно ќе се обиде да го освои трофејот, а неговиот тим во моментов игра фантастично.

„Ова е прво финале во Лигата на шампиони за нашиот тим и поради тоа сум горд. Луѓето мислат дека е лесно да се игра во финале. За нас ова финале е потврда на тоа што го правевме во претходните четири-пет години. Маркињос погоди пречка во првото полувреме, а да постигнеше гол, кој знае како ќе се одвиваше натпреварот… Сетете се дека Јунајтед ја освои Лигата на шампиони во Москва само затоа што Тери се лизна пред шутот од пенал“, вели Гвардиола.