ChatGPT ми беше гостин во поткаст – и не зажалив! ↓↓↓
Пеп Гвардиола се смета за еден од најдобрите тренери во светот, а својата неверојатна кариера ја започна во Барселона со која веќе во првата сезона освои скоро сè што можеше. Каталонците сонуваат еден ден Пеп да се врати на клупата на Каталонците, а тој сега јасно кажа дали има какви било шанси тоа да се случи.
Гвардиола поголемиот дел од играчката кариера го помина во Барселона, а откако одлучи да се пензионира во 2006 година, се сврти кон тренерската работа и направи најдобра можна работа.
Добил шанса во Барселона каде го водел Б тимот, а само една година подоцна бил избран за тренер на првиот тим што тогаш беше огромен шок за навивачите и фудбалската јавност.
Сепак, се покажа дека Хоан Лапорта направи најдобар можен потег бидејќи Гвардиола во наредните сезони на Барселона и донесе многу трофеи и тотална доминација на фудбалската сцена, а оваа игра ја промени засекогаш.
Од Барселона замина летото 2012 година и после една година пауза го презема Баерн каде помина три сезони.
Гвардиола во Манчестер Сити пристигна летото 2016 година и сеуште е на клупата на „граѓаните“. Но, нема дилема дека во Барселона би го пречекале со нетрпение повторно на клупата на овој клуб, што се надеваат во иднина.
Сепак, Гвардиола ги разби сите надежи на Каталонците бидејќи стави точка на таа приказна и порача дека од враќање на клупата на Барселона нема ништо.
“Таа приказна е завршена. Засекогаш е ставена точка на таа приказна. Беше прекрасно, но е завршено и повеќе нема да се повтори”, изјави Гвардиола.
Фото: Грок Аи