До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст ↓↓↓
Раководството на Манчестер Сити е подготвено да плати рекордна сума за да го донесе своето главно засилување ова лето.
Откако беа активни на пазарот минатото лето, Манчестер Сити доведуваше играчи и за време на зимскиот преоден рок.
Така на „Етихад“ пристигнаа Антоан Семењо од Борнмут и Марк Гехи од Кристал Палас.
Тие двајца додадоа дополнителен квалитет во тимот на Пеп Гвардиола, и помогнаа Манчестер Сити да му се приближи на Арсенал во трката за титулата од Премиер лигата.
Според сé, Манчестер Сити ќе продолжи да купува и наредното лето, а прва цел е нов десен бек.
Пеп Гвардиола јасно побара кого сака да доведе, а управата на клубот наводно тоа и го одобрила. Се работи за десниот бек на Њукасл, Тино Ливраменто.
Манчестер Сити со Ливраменто „флертува“ уште од минатото лето откако беа импресионирани од неговите одлични игри.
Манчестер Сити е подготвен да плати рекордна сума за Ливраменто, а сегашниот договор со Њукасл го врзува до 2028 година.
Светскиот рекорд за платен бек е преминувањето на Ашраф Хакими од Интер во ПСЖ вреден 70 милиони евра во 2021 година.
Њукасл за својот бек бара 80 милиони евра и тоа би бил најскапо платен бек во историјата на фудбалот, секако ако до трансферот дојде.
















