Гвардиола под напад: Подобро е 0:3, отколку 0:4 (Видео)


До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст ↓↓↓


Менаџерот на Манчестер Сити, Пеп Гвардиола, по поразот од Реал Мадрид со резултат 3:0, мораше да одговори на многу незгодни прашања од новинарите.

На прес-конференцијата, шпанскиот стратег најпрвин истакна дека шансите на неговиот тим за понатамошен напредок не се големи.

„Не се сјајни во моментот. Претпоставувам дека 0:3 е подобро од 0:4 (Винисиус промаши пенал). Секако дека ќе се обидеме. Ќе анализираме што можеме да подобриме, ќе бидеме поактивни во последната третина и ќе дадеме сѐ од себе”, рече Гвардиола.

Пред натпреварот, тренерот на Реал, Алваро Арбелое, изјави дека Гвардиола сигурно ќе изненади со почетната постава, што се и обистини.

Манчестер Сити започна со Џереми Доку, Савињо и Абдукодир Хусанов во почетната постава, додека Нико О’Рајли од средината на теренот премина на позиција лев бек.