Гвардиола „распука“: Ќе треба да му се извините на Халанд!


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Норвешкото чудо од дете Ерлинг Халанд постигна седум гола на пет натпревари во Премиерлигата оваа сезона, но не успеа да го матира голманот на Црвена Звезда во Лигата на шампиони (ЛШ).

Тренерот Пеп Гвардиола застана во одбрана на голгетерот на „граѓаните“ и кажа дека наскоро сите ќе треба да му се извинат.

„Ве советувам да не го критикувате Халанд. Може да ги критикувате дефанзивците, но не треба да го критикувате човекот кој ги постигнува сите голови. Ќе треба да му се извините“, кажа Гвардиола.