Гвардиола: Размислував за пензија, но се предомислив!


Екранизација, задоцнет развој, аутизам, инклузија – што треба да знаат родителите ↓↓↓


Тренерот на Манчестер сити, Пеп Гвардиола даде изјава за британските медиуми дека размислувал да ја заврши тренерската кариера, но се предомислил.

Шпанецот ќе наполни 50 години на средина на месецов, а долго време работи како тренер и во кариерата предводеше неколку гиганти, како што се Барселона и Баерн Минхен.

„Со тек на годините станав подобар. Искуствата ми помогнаа многу за да напредувам. Мислев дека ќе ја завршам кариерата, но се предомислив. Наскоро ќе наполнам 50 години“, кажа Гвардиола.