Goblin Games - Индустријата за Board Games е во огромен подем! ↓↓↓
Пеп Гвардиола важи за тренер кој од играчите не трпи премногу индивидуална слобода на теренот, тактичките задачи се подеднакво барани и во одбраната и во нападот.
Сепак, се чини дека ни шпанскиот стручњак не остана имун на магијата што на „зелениот тепих“ ја шири веројатно најатрактивниот фудбалер во Европа во овој момент, Рајан Шерки (21).
Како што пренесуваат француските и германските медиуми, новопечениот Французин ги договори сите лични услови со клубот од Манчестер, а првите одат и чекор подалеку истакнувајќи и дека Лион и Сити исто така нашле заеднички јазик.
Имајќи предвид дека договорот на Шерки со „лавовите“ истекува летото 2026 година, јасно беше дека клубот не може да смета на обештетување во висина на реалната цена, па затоа се зборува за трансфер вреден околу 40.000.000 евра.
Велиме само бидејќи станува збор за крилен напаѓач кој зад себе има 12 гола и дури 20 асистенции на 44 настапи за Лион оваа сезона во сите натпреварувања.
Често неговите атрактивни потези и дриблинзи ги расположувале навивачите жедни за фудбал, па ќе биде интересно како момчето со потекло од Алжир ќе се вклопи во малку ригидниот систем на Пеп Гвардиола полн со тактички барања.
Фотографија: Принтскрин