Гвардиола саркастичен: Не, јас не сакам да игра Де Брујне!


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Стручните коментатори Гари Невил и Џејми Карагер заклучија дека во соблекувалната на Манчестер Сити постои конфликт помеѓу тренерот Пеп Гвардиола и ѕвездата Кевин Де Брујне и дека тој конфликт е причината што шпанскиот тренер го користи малку белгискиот играч за врска.

Заклучокот беше изнесен во анализата од новиот пораз на Сити, овој пат од Ливерпул (0:2). Тоа беше седмиот последователен натпревар на Сити без победа и шестиот пораз на тимот на Гвардиола во тој редослед. Де Брујне учествуваше во него со 11 одиграни минути. Белгискиот играч за врска некое време паузираше поради повреда, но активен е веќе некое време и многумина поставуваат прашање дали е подготвен за поголеми напори од оние кои му ги доделува Гвардиола.

„Луѓето велат дека имам проблем со Кевин. Мислите ли дека мене ми е драго да играм без него?”, рече Гвардиола на таа тема и саркастично додаде: „Не, јас не сакам тој да игра. Не сакам на теренот играч со најголем талент во последната третина од теренот. Не сакам. Имам проблем со него откако сме заедно девет години.“

„Очајно го сакам во неговата најдобра форма. И знам дека тој очајно сака да биде таков. Донесе бројни успеси на клубот. Би сакал повторно да го имам на врвот на неговата моќност, со 26 или 27 години. И тој би сакал да биде таков. Но, повеќе нема 26 ни 27 години. Го мачеа повреди, потребно му е време да се врати во најдобра форма. Ќе се обиде да го постигне тоа. Чекор по чекор“, заклучи Гвардиола.