Гвардиола се налути и на сите им одговори што ќе се случи со неговата иднина


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Тренерот на Манчестер сити, Пеп Гвардиола вели дека е отворен за идејата да остане во клубот и по завршување на неговиот договор во јуни 2021 година.

Гвардиола веќе четврта сезона е во Сити, а од тоа никогаш подолго не поминал во ниту еден клуб. Поранешниот тренер на Барселона и Баерн се налути на коментарите дека ќе замине на крајот на сезоната.

„Сакам да ја видам реакцијата на своите фудбалери, околината… не е само да дојдам и да кажам дека останувам. Сакам да видам како функционираме заедно – тоа е поважно по пет години. Човек мора да почуствува сигурност и уживање на сите во клубот. Кога ќе го почуствувам тоа, тогаш ќе разговарам со луѓето од клубот“, порача Гвардиола.

Актуелниот шампион во Премиерлигата моментално е на третото место со 28 бодови, односно девет помалку од лидерот Ливерпул.