Сè што треба да знаете за НОВИОТ формат на Светското клупско првенство! ↓↓↓
По вторпат во три години играч на кого Пеп Гвардиола многу му верува, би можел да го напушти Манчестер Сити. Тоа сигурно би бил значителен удар за шпанскиот стратег на клупата на Граѓаните.
Како што објави GOAL, Илкај Гундоган има понуда од Турција и сериозно ја разгледува опцијата повторно да го напушти „Етихад“.
Клубот кој покажал интерес за неговите услуги е шампионот на спомнатата земја, Галатасарај.
Откако успешно го завршија Лерој Сане, челниците на клубот од Истанбул се свртеа кон Гундоган.
Споменатиот извор тврди дека играчот од средината има понуда и од Саудиска Арабија, но дека му е приоритет да остане во Европа.
Се нагласува дека, доколку Манчестер Сити одлучи да го пушти, Галатасарај ќе биде прва опција за продолжување на кариерата.
Да потсетиме дека во 2023 година Илкај Гундоган го напушти Манчестер Сити и одигра една сезона за Барселона.
Фото: Принтскрин