Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Партизан објави на социјалните мрежи дека нивниот играч Филип Стевановиќ кариерата ќе ја продолжи во Манчестер Сити.
Овој 18-годишен офанзивец воодушеви со своите настапи во дресот на Партизан каде што дебитираше минатата година. Со своите настапи тој го сврте вниманието на многу клубови, меѓутоа ретко кој очекуваше да заврши во Сити.
Белградскиот клуб денес на својата официјална страна објави дека трансферот е завршен и дека Стевановиќ во јануари ќе се придружи на новиот клуб.
За Партизан ова е одлична работа бидејќи од трансферот инкасираа осум милиони евра. Во досегашниот дел од сезоната тој одигра 15 натпревари за Партизан, постигна три гола и запиша две асистенции.