Гвардиола си најде засилување во Ајакс


Франција без гол до полуфинале, таму ја чека разиграната Шпанија! ↓↓↓


Од таборот на Манчестер Сити се заинтересирани во своите редови да го донесат левиот бек на Ајакс, Николас Таљифико.

Аргентинецот речиси сигурно ќе си замине од редовите на Ајакс ова лето, а за него интерес има од неколку големи тимови.

Освен Манчестер Сити, за 27 годишниот фудбалер се интересираат и Барселона, ПСЖ и Арсенал кои подолго време ги следат неговите настапи.

Цената на Таљафико е околу 20 милиони фунти и е пристапна за сите заинтересирани тимови.