Гвардиола: Сите во светот прават исто, само ние сме паметни?


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Фудбалерите на Манчестер сити синоќа одиграа 1-1 против Ливерпул во дербито на осмото коло во Премиерлигата. Гостите постигнаа гол за водство во 13. минута од пенал преку Салах, а набрзо домаќинот израмни преку Жесус на 1-1.

Сити можеше да стигне и до пресврт во финишот на првото полувреме, но Кевин Де Брајне не успеа да искористи еден удар од белата точка.

По мечот тренерот на „граѓаните“, Пеп Гвардиола не беше задоволен, а притоа се налути затоа што Премиерлигата не дозволува пет замени, како во останатите европски лиги.

„Со Клоп зборував за борбата за пет измени. Во цел свет имаат по пет измени, но само ние тука мислиме дека сме паметни. Не може да ги заштитиме фудбалерите и тоа е катастрофа, ќе зборувам со сите само за да имаме пет измени“, кажа Гвардиола.