Гвардиола со почит говореше за Манчестер Јунајтед: Тоа е силен тим…


Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓


Менаџерот на Манчестер Сити, Пеп Гвардиола истакна дека отсекогаш го почитувал Манчестер Јунајтед, следниот противник на неговиот тим.

Претходно денеска, Оле Гунар Солскјер се жалеше поради фактот што тимот од „Етихад“ ќе има еден ден повеќе одмор пред градското дерби кое се игра на „Олд Трафорд“.

„Тоа е што е. Некогаш имате ден повеќе, некогаш ден помалку. Секогаш тврдев дека Јунајтед е силен тим. Секогаш го почитував тој тим. Секое дерби е посебно за нас, а ситуацијата оваа сезона е малку поинаква, зошто сега ние се бориме за што подобар крај на сезоната, а не за титулата. На нив им е важно да обезбедат место кое води во Лигата на шампионите“ –изјави Пеп Гвардиола.