Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Манчестер Сити вчера оствари минимална победа во полуфиналето од ФА Купот. Противник беше Брајтон, а победата „Граѓаните“ ја понесоа со резултат 1:0.
Се повеќе се зборува за тоа дека Сити ќе биде првиот тим кој ќе освои четири титули, нешто што никогаш никому во Англија не му успеало.
„Среќен сум бидејќи сме во финалето. Тие се опасни и беше тешко. Секако тоа е полуфинале и морате да бидете внимателни. Сепак, тие имаа само една опасна ситуација. Речиси е невозможно да се освојат четири титули. Ако тоа никој не успеал да го направи, како тогаш ние можеме“, истакна Гвардиола.
Тие следната нњедела во четвртфиналето во Лигата на шампионите ќе играат против Тотенхем, против кој ќе бараат пласман во следната фаза.