Гвардиола „удри“ по Гундоган: Ова е најлошо издание во последните осум-девет години!


Ќе го решиме проблемот со отпадот ако го гледаме како ресурс, а не како ѓубре! | Уште еден поткаст ↓↓↓


Тренерот на Манчестер сити, Пеп Гвардиола имаше критики за неговиот фудбалер Илкај Гундоган.

Гундоган ја презема одговорноста во средниот ред по отсуството на Родри и Кевин Де Брајне, но по ремито со Њукасл доби големи критики.

„Во Њукасл одигра многу лошо, тоа веројатно е неговото најлошо издание во последните осум или девет години. Но тие работи се нормални и се случуваат“, кажа Гвардиола.