Гвардиола влезе во „војна“ со Премиерлигата


Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓


Премиерлигата не го прифати барањето на Манчестер сити да се одложи почетокот на сезоната 2025/26.

„Граѓаните“ побарале да се одложат нивните први два меча со цел да се одморат по Светското клупско првенство во САД.

Манчестер сити и Челси се пласираа на натпреварувањето кое ќе почне на 15 јуни и ќе трае до почетокот на јули.

Почетокот на Премиерлигата е закажан за август, но тренерот Пеп Гвардиола сакал дополнителен одмор за неговите избраници.