До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст ↓↓↓
Ерлинг Халанд се здоби со полесна повреда и не е познато дали ќе биде подготвен за следниот натпревар против Нотингем Форест.
Пеп Гвардиола беше прилично „неодреден“ на прашањето на новинарите за состојбата на норвешкиот напаѓач, кој отпадна за натпреварот против Лидс на денот на натпревар поради полесна повреда.
“Кога можеме да сметаме на Халанд? Навистина не знам. Пред два дена почувствува нешто на тренинг, не е ништо сериозно, но мораме да почекаме”, рече мистериозниот Пеп.
Како среќа за Сити, повторно се појави Антоан Семењо кој го постигна единствениот гол во победата над Лидс.
Сити во вторник го пречекува Нотингем Форест, потоа гостува на Њукасл во ФА Купот, а потоа следи гостувањето на Реал Мадрид на 11 март во првиот натпревар од осминафиналето на Лигата на шампионите.
















