Гвардиола за Силва: Не сум човек кој ќе запре некого да си ги оствари желбите!

Тренерот на Манчестер сити, Пеп Гвардиола кажа дека сака Бернардо Силва да остане во екипата, но призна дека не знае што ќе се случи со иднината на искусниот фудбалер.

Португалскиот репрезентативец одигра важна улога во тимот на Гвардиола во одбрана на титулата во Премиерлигата, а сега се шпекулира дека ќе се пресели во Барселона.

Претходно од клубот си заминаа и Рахим Стерлинг, Габриел Жесус и Олександр Зинченко, а Пеп кажа дека му било задоволство со сите да соработува.

„Беше убаво да се соработува со Зинченко, Габриел и Рахим во овие неколку години, но сепак на крајот моравме да се разделиме. Го сакам најдоброто за фудбалерите, но сакам и да остане Силва, меѓутоа не сум човек кој ќе запре некого да си ги оствари желбите“, кажа Пеп.