Гвардиола збесна и му држеше лекции на Халанд (Видео)


Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст ↓↓↓


Манчестер сити со победа од 3-0 ја почна сезоната во Премиерлигата, а повторно свое шоу имаше Ерлинг Халанд со два гола, но и Пеп Гвардиола кој не беше задоволен.

Гвардиола по првото полувреме почна да му држи лекции на норвешкото чудо од дете, кое се движеше кон соблекувалната и не реагираше.

Тренерот на „граѓаните“ потоа му се налути на камерманот и нервозно му ја тргна камерата пред да се врати кај Халанд.