Хабиб без проблеми го „скрши“ Порие, па скокна преку рингот! (ВИДЕО)


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Дагестанскиот борец Хабиб Нурмагомедов ја одбрани титулата на УФЦ-шампион во лесна категорија.

Тој синоќа во Абу Даби го совлада Дастин Порие во третата рунда. Хабиб од самиот почеток тргна жестоко во битката, па го фрли Американецот на подот, но тој добро се бранеше.

Порие добро ја почна втората рунда, па го погоди Хабиб неколку пати, но набрзо повторно го фрли на подот, кадешто имаше целосна контрола и доминација, која му донесе бодови.

На почетокот на третата рунда Порие се обиде да го „заврши“ Хабиб, но Дагестанецот прави пресврт и успеа да го победи Американецот.

По мечот, Хабиб скокна во публиката, но овојпат не да се тепа, туку да го прегрне првиот човек на УФЦ, Дена Вајт.