Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Легендарниот борец Хабиб Нурмагомедов неодамна ја заврши професионалната ММА-кариера и замина во пензија со резултат од 29 победи и ниту еден пораз.
Неговиот менаџер Али Абделазиз откри дека имал голем број неверојатни понуди за да има уште една борба.
Познатиот боксер Флојд Мејведер наводно му понудил 100 милиони долари за бокс-меч, но Хабиб го одбил.
„Откако замина во пензија, му биле понудени 100 милиони долари за борба против Мејведер. Може и тој да ви го потврди тоа, но Хабиб одби. Тој кажа дека завршил со борби, а ветил и на мајка му дека повеќе нема да влегува во ринг“, открива Абделазиз.