Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Хабиб Нурмагомедов и Џастин Гејџи ќе имаат голем дуел за титулата во УФЦ во лесна категорија. Борецот од Дагестан влегува во рингот по една година, а зад него е тежок период во кој го загуби својот татко.
Во разговор за „ЕСПН“, Хабиб откри дека и порано имал противници како Гејџи, но знае како да го совлада.
„Имав пред УФЦ вакви противници. Во Русија има слични борци кои се добри, но мислам дека тој е посебен во УФЦ. Има добри удари, лево кроше и големо срце. За да го победите, мора да го заспиете. Ќе одам напред, ќе го изморам. Потоа ќе го уништам. Сакам да ја одбранам титулата по четврти пат. Ова е тешка година за мене, па сакам да сум фокусиран на мечот и на победа“, вели Хабиб.