Хабиб потврди: Наскоро доаѓам во Србија!


Disc Golf challenge: Дали некој ќе погоди од прва!? ↓↓↓


Претседателот на боксерскиот сојуз на Србија, Ненад Боровчанин имаше разговор со Хабиб Нурмагомедов и се договорија борецот од Дагестан да го посети нашиот северен сосед.

Хабиб во саботата го победи Џастин Гејџи и се повлече од УФЦ по 29 победи на исто толку натпревари.

„Честитки до Хабиб на тоа што го постигна во кариерата, а најмногу на светот му покажа што значи да се биде голем човек! Наскоро ќе го пречекаме во Србија“, порача Боровчанин.

Нурмагомедов набрзо ја потврди информацијата дека доаѓа во Србија.

„Голем поздрав за Србија, се гледаме наскоро, кога ќе каже Ненад и кога ќе се договориме, јас сум подготвен да дојдам во посета“, кажа Нурмагомедов.