Хабиб во историјата оди со две загубени рунди!


Второ коло во ЛШ: Најголемото дерби се игра во Лондон! ↓↓↓


Хабиб Нурмагомедов го одбрани тронот откако го совлада Џастин Гејџи во втората рунда на УФЦ 254 спектаклот, а бобрата е во сенка на тоа што следеше.

Хабиб порача дека се повлекува од УФЦ, и тоа во солзи, а победата му ја посвети на неодамна починатиот татко.

Во 12 години борби, Хабиб има 29 победи во историјата, а загуби само две рунди, што е навистина неверојатен податок.

Зад себе има вкупно 60 рунди, од кои 58 ги заврши доминантно во своја корист, но на две од него беа поуспешни ривалите.

Првпат Конор Мекгрегор му зема рунда на УФЦ 229 настанот. Подобар беше Хабиб во првата и втората, а третата му припадна на Ирецот.

Сега и Гејџи успеа да освои рунда против Хабиб, и тоа првата, но тоа на крајот му беше залудно.