Хакан Шукур: Јас ова не го заслужувам, проклет да е кој ја издаде Турција!


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Најдобриот турски фудбалер на сите времиња е на мета на турските државници и има негов налог за апсење.

Веќе неколку денови трае сагата за Хакан Шукур кој наводно е замешан во нападот врз Турција минатиот месец. Дури сега Шукур се изјасни, кога неговата документација е избришана од фудбалскиот сојуз на Турција и од Галатасарај.

Со порака преку Твитер, Шукур се правдаше себеси.

„Кој ја издаде Турција, проклет да е. Да живее Турција! Ако треба и животот ќе го дадам за својата земја и сакам што побрзо да се опорави. Јас ова не го заслужувам, нели браќа мои?“ – пишува Хакан Шукур.