Ќе го решиме проблемот со отпадот ако го гледаме како ресурс, а не како ѓубре! | Уште еден поткаст ↓↓↓
Меѓународната автомобилска федерација (ФИА) потврди дека во текот на летото настана хакерски напад на нивната внатрешна веб страница која содржи лични податоци на возачите.
Нападот откри безбедносни пропусти во порталот за категоризација на возачи на ФИА, каде што се чуваат клучни документи на професионалните возачи.
Според извештаите, меѓу компромитираните податоци се најдоа и лични документи на светскиот шампион Макс Верстапен.
ФИА потврди дека веднаш по откривање на инцидентот презедоа заштитни мерки и ги информираа надлежните органи за заштита на податоци.
Исто така, ги контактираа сите возачи кои потенцијално беа погодени од инцидентот.
Информацијата за обидот за хакување прв ја објави експертот за безбедност Иан Керол, кој заедно со двајца колеги ја анализираше ранливоста на системот на FIA.














