Халанд блесна во триумфот на Дортмунд, Порто го совлада Јувентус 🎥


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Вечерва се одиграа уште два натпревари во осминафиналето од Лигата на шампионите.

Изненадување приреди Порто кој го победи Јувентус во Португалија со 2:1. Порто до предност дојде после само 60 секунди кога голема грешка направи Родриго Бентакур. Бентакур сакаше да ја врати топката до Шчесни, а тоа го направи катастрофално, па Тареми ја затресе мрежата на Шчесни.

И овој гол како шокантно да делуваше за фудбалерите на „старата дама“ кои направија и уште неколку грешки.

Како што започна првото, така за Јувентус почна и второто полувреме. Ако Тареми погоди после 60 секунди во првото полувреме, во второто Марега стрелаше после само 20 секунди.

По овој гол Порто пропушти и уште неколку добри прилики, а тогаш стигна казната. Федерико Киеза постигна гол по асистенција од Рабио. Овој гол е и тоа како важен за Италијанците затоа што е постигнат на гостински терен.

Во вториот натпревар Борусија со 2:3 славеше против Севиља, повторно фантастичен кај „милионерите беше Ерлинг Халанд кој постигна два гола и запиша една асистенција и тоа во првото полувреме кога Борусија водеше со 1:3. Конечните 2:3 ги постави Де Јонг во 84. минута.

Ерлинг Халанд со овие два гола дојде до неверојатни 18 гола на 13 настапи во Лигата на шампионите.