Халанд даде гол, па порача: Сè уште не сум во форма!


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Норвешкиот напаѓач Ерлинг Халанд го засили Манчестер сити ова лето, а дебитираше со гол против Баерн Минхен во пријателски меч.

Халанд постигна гол за победа од 1-0, по што даде кратка изјава за медиумите и кажа дека сè уште не е максимално подготвен.

„Беше одлично да се заигра против Баерн, но морам да бидам искрен. Сè уште не сум во добра форма, но наскоро ќе бидам. Се чувствувам одлично во Манчестер, играчите ми помагаат да се прилагодам“, кажа Халанд.

Манчестер сити ќе се соочи против Ливерпул на 30 јули во рамки на Комјунити шилд.